Касами: Од утре почнуваат преговорите за нова влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН

Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Според анализите кои ги имаме, Касами рече дека, најверојатно ќе излезат подеднакво по број на пратеници со коалицијата ДУИ.

– Разликата во гласови нема да помине 10 илјади, нагласи Касами.