![arben taravari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/arben-taravari.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.
-Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.
Првиот човек на Беса истакна дека косовскиот премиер и претседател на Самоопределување Албин Курти заедно со претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца биле дел од изборните кампањи во неколку изборни циклуси.
-Сега ќе имаме иновации, каде претставници или високи експоненти на Движењето Самоопределување на Косово, но и кои се државјани на Северна Македонија, ќе бидат дел од изборните листи за пратеници во листите на здружената опозиција, рече рече Касами.