Касами го прекина молкот, но наместо извинување тој и порача на власта дека се плаши од изборен пораз на следните избори, особено откако се појавил Фронот на обединетата опозиција со подршка од Курти.
Знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Албин Курти, туку има врска со загриженоста што албанската опозиција се обединува и сега и брои денови на оваа влада на криминал и корупција. Ја разбираме загриженоста на претседателот и владата, кои изненадувачки со поддршка и реакции излезе од Белград. Доаѓањето на премиерот Курти беше исто толку почит и чест за Албанците од Македонија, исто толку почит и за државата Македонија, со која е потпишан меморандумот за заедничкиот проект, патот Тетово-Призрен“, пишува Касами во објавата.