Касиљас призна дека направил голема грешка

Иако може да се пофали со титулата Светски и Европски шампион, капитенот на Реал (М), Икер Касиљас откри дека јубилејната 10. титула во Лигата на шампиони е најважната која ја има освоено во голманската кариера.

„Оваа десетта титула европски првак – за мене е помила дури и од мундијалскиот пехар освоен пред четири години. Пред две години ветив дека ќе стигнеме до овој нов пехар, десетката е убава бројка што долго беше недостижна за нас, но тоа повеќе не е случај. Мораме да му честитаме и на Атлетико за одличната игра во ова финале, но и во текот на целата сезона. Се мачевме, не ни беше лесно, Атлетико (М) постигна погодок на среќа, постигна после мојата грешка. Според мене, сосема заслужено натпреварот заврши без победник во регуларните 90 минути. Некогаш грешиме, некогаш сме херои. Нема потреба од драматизирање, најважно е дека стигнавме до титулата, тоа е она што ќе се памети, десеттата европска круна за Реал Мадрид“, изјави Касиљас.