Португалскиот клуб на домашен терен со 2:1 славеше над англискиот премиерлигаш Челзи, а популарниот “Сан Икер” го одигра 152 натпревар во ЛШ, со што го мина Чави на “вечната листа”, кој зад себе остави 151 настап.
Најблизу до рекордот на Касилјас е Кристијано Роналдо кој има вкупно 116 натпревари за Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Во Лигата на шампионите, Касилјас дебитираше во 1999 година на средбата против Олимпијакос. Со “кралевите” три пати го има кренато највредниот пехар – во 2000, 2002 и 2014 година.