Кастратовиќ: Ја остваривме целта

По пласманот на ЖРК Вардар СЦБТ на фајнл форот во Лигата на шампионите во Будимпешта, тренерот на тимот Индира Кастаратовиќ истакна задоволство од играт на своите избранички, а истакна и дека ја оствариле целта зацртана пред почетокот на најквалитетното клупско натпреварување.

„Морам да и’ се заблагодарам на нашата верна публика, затоа што не бодреше цела сезона. Имавме напорна година во која многу нови ракометарки требаше да се адаптираат во тимот, и за тоа ни беа потребни дополнителни напори. Многумина очекуваа од нас да го оствариме овој успех, што уште повеќе ни ја отежнуваше работата, а исто така, имаше и такви кои не веруваа во нас. Ја остваривме нашата главна цел, се пласиравме на Фајнлфор, но не застануваме тука. Верувам дека времето кое го имаме до почетокот на мај ќе го искористиме за отстранување на одредени грешки, и што поподготвени да одиграме во Будимпешта“, изјави Кастратовиќ.