Кастро потврди дека го прeдава водството на партијата на новата генерација

EPA-EFE/ALEJANDRO ERNESTO

Раул Кастро потврди дека го предава водството на Комунистичката партија на Куба на помладата генерација, којашто е, како што рече, „полна со страст и антиимперијалистички дух“, на конгресот на партијата кој започна во петокот.

Кастро во говорот на отворањето на четиридневниот конгрес, кој се одржува зад затворени врати, а од којашто инсерти се објавени на државната телевизија, рекол дека му претставува задоволство што водството го предава на група која ѝ е верна на партијата и која има повеќедецениско партиско искуство.

„Со жар верувам во силата и примерноста и разбирањето на своите сонародници и додека сум жив ќе бидам подготвен да ги бранам татковината, револуцијата и социјализмот“, изјавил Кастро на стотиците партиски делегати во конгресниот центар во Хавана.

Во својот говор Кастро повикал и на „дијалог со почитување“ меѓу Куба и САД, меѓутоа без „одрекување на социјализмот“.

Рекол дека се повлекува со чувството дека ја „исполнил својота мисија и уверен во иднината на татковината“.

Со неговото повлегува завршува шест децении долгиот период во кој Куба ја водеа тој или неговиот брат Фидел Кастро, а кој започна во 1959 година. По смртта на Фидел во 2016 годна и сега по заминувањето во пензија на неговито 89-годишен брат Раул, се отвора нова страница во политиката на карибската островска земја и нејзините граѓани од кои многумина целиот живот знаат сао за власт на славното револуционерно семејство.

Четиридневниот конгрес на кубанската Комунистичка партија започна во петокот, а овој историски собир треба да го означи крајот на владеењето на семејството Кастро и доаѓањето на новата генерации лидери.

„Да се сонува и да се продолжува државата: денеска го започнуваме нашиот осми конгрес на Комунистичката партија“, напиша на Twitter кубанскиот претедател Мигуел Дијаз-Канел, кој е повикан да ја преземе оваа политичка групација.

„Ова е конгрес на континуитетот“, додава Дијаз-Канел, истакнувајќи дека насоката на власта на Куба, една од петте последни комунистички земји во светот, нема да се менува.

Именувањето на Дијаз-Канел за генерален секретар на Комунистичката партија, што е најважна функција во земјата, очекува последниот ден од конгресот, во понеделникот.