Катар на крајот на минатата година беше домаќин на Светското фудбалско првенство кое и покрај сите критики, коментари мина во најдобар можен ред, без никакви проблеми.
Токму оваа земја ќе биде домаќин на уште еден спортски спектакл и тоа Светското кошаркарско првенство во 2027 година. Катар ја доби добербата до ФИБА, па за четири години ќе гледаме Мундобаскет во Доха.
ФИБА била импресионирана од понудата од оваа арапска земја, особено околу елементите за компактна географска положба, флексибилност со расопоредот на турнирот со кој најдобро би се служеле навивачите. Со оглед на тоа што мечевите ќе се играа во еден град, фановите ќе можат се однапред да планираат и да уживаат во уникатно искуство бидејќи сите места се оддалечени 30 минути.
Вкупни 32 земји ќе учествувата на овој настан, а една од тие репрезентации може да биде и нашата ако секако избори пласман на истиот.
Само да потсетиме годинава имаме СП кое ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Малезија.