Селекцијата на Катар, домаќинот на Светското фудбалско првенство во 2022 година, ќе биде придодадена на една од групите во европските квалификации за ова натпреварување за кое жребувањето беше одржано во понеделникот, објави новинската агенција Reuters повикувајќи се на доверливи извори.
Катар ќе биде вклучен во една од петте групи со по пет селекции, и всушност ќе игра пријателски натпревари против оние репрезентации коишто во определениот термин ќе бидат слободни, а што на домаќинот на мундијалот треба да му послужи како подготвока за настапите на првенството на коешто како домаќин автоматски се квалификуваше.
Македонската фудбалска репрезентација е во Групата Ј со шест селекции, а ќе игра против Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
Сите натпревари Катар би го играл во Европа, а тие на ниеден начин нема да влијаат врз процесот на квалификациите и крајниот пласман по групите.
Истото го стори и Франција во текот на квалификациите за Европското првенство во 2016 година на коешто беше домаќин.