Катар ги продолжува преговорите, војната во Газа се заканува да го радикализира целиот Блиски исток

Преговорите, а не израелските воени дејствија, ослободија дел од заложниците во Газа, каде што војната се заканува да го радикализира целиот Блиски исток, порача Катар во неделата, кој продолжува со преговорите, а на прекин на огнот инсистираат и генералниот секретар на Обединетите нации и агенциите на светската организација.

Учесниците на конференцијата во Доха дискутираа два дена откако Советот за безбедност на ОН не гласаше за резолуцијата за итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа поради вето на САД.

Информирајќи ја својата влада во неделата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори својата вчерашна изјава до западните земји дека „не може да се поддржи елиминацијата на Хамас од една страна, а од друга страна да се бара крај на војната, што би го оневозможило да го елиминира Хамас“, радикалното палестинско движење на чело и кое ја започна војната со невиден напад врз Израел на 7-ми октомври.

 

Катар ќе продолжи со притисокот врз Израел

Катарскиот премиер на Форумот во Доха во неделата рече дека неговата земја ќе продолжи да со притисоците врз Израел и врз Хамас да постигнат прекин на огнот и покрај „намалувањето“ на изгледите за успех.

Некои од заложниците беа ослободени во Газа благодарение на преговорите, а не на израелските воени акции, изјави шеикот Мохамд бин Абдулрахман Ал Тани.

„Ќе продолжиме, решени сме да ги ослободиме сите заложници, но решени сме и да ја запреме војната“, рече катарскиот премиер. Тој, сепак, призна дека „не гледа иста волја кај двете страни“ и дека „продолжувањето на бомбардирањето ги намалува“ неговите изгледи за мир.

Предупреди дека на цела една генерација на Блискиот исток и се заканува опасноста од радикализација поради војната во Појасот Газа.

 

Јордан го обвини Израел дека се обидува да ги протера Палестинците од Газа

Јорданскиот шеф на дипломатијата Ајман Сафади го обвини Израел дека спроведува систематска политика на истиснување на Палестинците од Газа преку војна во која загинаа илјадници цивили.

Министерот за надворешни работи на земјата што се граничи со другата палестинска енклава Западниот брег која е под окупација на Израел од 1967 година, и која прими огромен бран палестински бегалци по формирањето на хебрејската држава во 1948 година, го обвини Израел дека „создава толкаво количество на омраза“ што ќе го „прогонува регионот“ и „ќе го обликува идните генерации“.

Израел го влече целиот регион „подлабоко во океанот на смртта“ и „Израел мисли дека може да го направи тоа и не мора никому да одговара“, рече Сафади

Палестинскиот премиер Мохамед Штаје ги повика земјите да воведат санкции против Израел доколку продолжи да го крши меѓународното и хуманитарното право и резолуциите.

Цела генерација на Блискиот исток е под ризик од радикализација доколку продолжи војната во Газа, изјави катарскиот премиер на Форумот во Доха.

 

Парализа на Обединетите нации

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој зборуваше пред катарскиот премиер, оцени дека Советот за безбедност е парализиран од „геостратешки поделби“ кои го компромитираат тоа тело во изнаоѓање решение за завршување на војната.

„Авторитетот и кредибилитетот на Советот за безбедност се сериозно компромитирани“ поради одложениот одговор на конфликтот, а американското вето на резолуцијата го наруши угледот на Советот за безбедност, рече челникот на светската организација.

Гутереш повторно повика на хуманитарен прекин на огнот и рече „Можам да ви ветам дека нема да се откажам“.

Претходно Израел остро реагираше на повиците на генералниот секретар на ОН и го обвини дека е „закана за светскиот мир“.

 

Реакции на агенциите на ОН

Здравствената состојба е катастрофална, изјави првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) на состанокот на управниот одбор во Женева и предупреди дека условите се идеални за ширење на смртоносни болести.

„Здравствените потреби драстично се зголемија, а капацитетот на здравствениот систем е намален на една третина од она што беше порано“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Шефот на Организацијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), рече дека дехуманизацијата на Палестинците и овозможи на меѓународната заедница да толерира континуирани израелски напади врз Газа.

Потребен е прекин на огнот за да се запре „пеколот на земјата“ којшто се одвива во Газа, а UNRWA е на работ на колапс во Појасот Газа, предупреди Филип Лазарини, претседател на организацијата на ОН.

Како одговор на нападот на 7-ми октомври во кој Хамас уби 1.200 луѓе во Израел, од кои 900 цивили, и зеде околу 240 луѓе како заложници, Израел спроведува масовна бомбардирање и копнена офанзива за да го „збрише Хамас“, кој и Израел и САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација. Во текот на израелската офанзива во Газа протерани од своите домови се повеќе од милион цивили, а палестинските власти дека во повеќе од два месеца тамошни борби уиени се околу 17.700 Палестинци, од кои три четвртини се деца, млади луѓе и жени, податоци коишто главно за веродостојни ги сметаат ОН и меѓународните организации.