![katar kina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/katar-kina.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Катарскиот произведувач на гас „ QatarEnergy“ потпишал со кинеската енергетска компанија „Sinopec“ 27-годишен договор за испорака на течен гас (LNG), истакнувајќи ја важноста на долгорочните договори во услови на нестабилност на пазарот.
Трката за течниот гас се интензивираше од почетокот на војната на Украина и решението на западните земји поради тоа да се откажат од енергенсите од Русија. Во побарувачката предничи Европа, иако сѐ уште нема подготвена целосна инфраструктура за прием на течниот гас, и го плаќа по многу повисоки цени, во настојувањата да се откаже од рускиот гас чиј удел досега надминуваше 40 отсто.
Катар е најголемиот извозник на течен гас, а во понеделникот со кинеската компанија го склучи долгогодишниот договор за испораки, додека таквите договори во Европската унија не се дозволуваат.
„Денеска е важен пресврт за првиот договор за купопродажба за проектот North Field East, тежок четири милиони тони, со кинески Sinopec на период од 27 години. Многу сме среќни поради договорот со Sinopec бидејќи во минатото имавме долгорочен однос, кој се га е подигнат на нови повисоки нивоа, имајќи предвид дека имаме купопродажен договор кој ќе трае до средината на векот“, изјави за Reuters челникот на „QatarEnergy“, Саад ал-Кааби во Доха непосредно пред потпишувањето на договорот.
„Тоа значи дека долгорочните работи се склучуваат и дека се важни и за продавачот и за купувачот. Мислам дека нестабилноста во последно време ги натера купувачите да ја сфатат важноста од осигурувањето на долгорочното снабдување“, изјави ал-Кааби додавајќи дека преговараат и со други купувачи во Кина и во Европа кој сакаат да ја гарантираат сигурноста на снабдувањето.
Механизмот за одредување на цените ќе биде сличен со досегашните договори, кои бена врзани за цената на нафтата, додава челникот на катарската гасна компанија.
„Во работењето со Азија цената ја врзуваме за нафтата. Така работевме досега, а тој механизам ќе го користиме и во иднина“, изјави ал-Кааби чијашто компанија на презема и обврската за транспортот и испораките на гасот.
Споменатото Северно поле е најголемото гасно наоѓалиште на светот коешто Катар го дели со Иран. Иранците својот дел го нарекуваат Јужен Парс.
Во „QatarEnergy“ годинава потпишаа пет договори за North Field East, првиот и поголемиот дел од проектот за проширувањето на Северното поле во две етапи. Проектот вклучува и шест погони за производството на LNG со што годишниот катарски капацитет за претворање на гасот во течна состојба ќе се зголеми од сегашните 77 милиони на 126 милиони тони до 2027 година. Потоа компанијата потпиша договори и со три партнери и за North Field East, втората фаза за проширувањето.
Од кинески „Sinopec“ ја потврдиле информацијата дека во понеделникот го потпишале првиот договор за набавката поврзан со North Field East.