Катарците објавија: Преговорите официјално се завршени – Меси е нов играч на ПСЖ!

Катарското семејство, кои се сопственици на францускиот гигант ПСЖ објави дека преговорите со доскорешниот фудбалер на Барселона Лионел Меси официјално се завршени.

Имено, шеикот Калид Бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани објави на социјалните мрежи дека трансферот на Лионел Меси во ПСЖ е завршена работа и дека Аргентинецот ќе игра во француското првенство.

-Преговорите официјално се завршени, пишува во објавата шеикот.

Наскоро се очекува и официјално соопштение од страна на францускиот клуб ПСЖ.