Топ-моделот со светска кариера Катарина Ивановска која светските писти ги замени со реклами за домашни брендови и му се посвети на семејството повторно е во фокусот на јавноста со својот приватен живот.
По многу шпекулации и мистерии, за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ потврди дека е во врска со кошаркарот Перо Антиќ, актуелен претседател на Kошаркарската федерација на Македонија.
На прашањето дали има нешто меѓу нив, таа само одговори кратко: „Среќни сме заедно“.
Антиќ кој се разведе пред неколку години и од претходниот брак има три деца, минатата година беше во врска со топ-моделот Марјана Станојковска, најтрофејната македонска убавица на светските избори за убавина.
Катарина од врската со претходниот партнер има син и ќерка.
Својата кариера како манекенка Катарина ја започна во 2004 година на Миланската модна недела откако победи на изборот на Look Models search во Скопје. Матичната агенција и беше „Вуман“ во Милано, соработуваше со светски модни магазини, беше манекенка на ревиите на светски топ дизајнери од Валентино до Армани. Во 2012 година дебитираше и како актерка во филмот „Трето полувреме“.