Катарската енергетска компанија „QatarEnergy“ го суспендираше транзитот на танкери за течен природен гас (LNG) низ Црвеното Море, изјави во понеделникот добро информиран извор за Reuters.
Најмалку четири катарски танкери со LNG биле задржани во текот на викендот откако американските и британските сили започнаа воздушни и поморски напади во Јемен, велејќи дека сакаат да ги заштитат трговските бродови од нападите на борцитете на движењето „Ансар Алаа“.
Јеменското движење, во кое шиитските Хути играат значајна улога, управува со поголемиот дел од Јемен а особено со стретешкиот северн дел на земјата од средината на минатата деценија, а на крајот на минатата година почна да го попречува пловењето на бродовите поврзани со Израел за поддршка на Палестинците во Појасот Газа, каде сунитското палестинскиот движење Хамас е во војна со израелската армија.
Околу 15 отсто од светскиот бродски сообраќај минува низ Црвеното Море. Неколку бродови со течен гас досега ја заобиколија рутата и се упатуваат на околу 5.000 километри подолгата рута околу ‘Ртот на добрата надеж на крајниот југ на Африка, а други продолжуваат да ја користат.
Танкерите „Al Ghariya“, „Al Huwaila“ и „Al Nuaman“ натовариле LNG во катарското пристаниште Рас Лафан и требало да се упатат кон Суецкиот канал, но застанаа на брегот на Оман на 14-ти јануари, според податоците за следење на бродовите на LSEG. На 13-ти јуни, танкерот „Al Rekayyat“ се вкотвил во Црвеното Море на враќањето во Катар.
„Паузираме и чекаме совети за безбедност, а доколку преминот низ Црвеното Море сѐ уште е небезбеден, ќе тргнеме преку ‘Ртот на добрата надеж. Ова не значи дека производството е стопирано“, изјавил за агенцијата извор директно запознаен со проблематиката.
Канцеларијата за меѓународни односи со медиумите на катарската влада и од „QatarEnergy“ не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар на информациите на изворот.
Не одговориле ниту сопствениците и менаџерите на четирите бродови, вклучувајќи ги „Teekay Shipping Glasgow“, „Pronav Ship Management“, „Nakilat Shipping Qatar Ltd“ и , STASCO, подружницата на „Shell“.
Катар е вториот најголем извозник на течен гас во светот, со испорачани повеќе од 75 милиони метрички тони во 2023 година, според податоците на LSEG. Од нив, 14 милиони тони се испорачани на купувачите во Европа, а 56,4 милиони кај оние во Азија.
Цените на LNG за испорака во февруари се стабилизираа околу пладнето во понеделникот на холандската дигитална берза на 30,72 евра за мегават час откако рано утрото накратко скокнаа на 31,64 евра. Највисокото ниво годинава од 34,55 евра е забележано на 5-ти јануари.