Катастар: На се што побарало СЈО е одговорено согласно законот

Агенцијата за катастар на недвижности денеска соопшти дека одговориле согласно позитивните законски прописи за се што од оваа институција побарало Специјалното јавно обвинителство.

katastar

Од Катастарот воедно соопштуваат дека  податоците на Катастарот се јавно достапни 24 часа онлајн, преку веб-страницата www.katastar.gov.mk и преку електронскиот шалтер на Агенцијата. Покрај ова, секој заинтересиран граѓанин или институција во секое време може да направи увид и да побара препис од сите документи со кои располага Катастарот, се вели во соопштението.

Претходно СЈО во соопштение наведе институции кои не соработувале, меѓу кои и Катастарот.