Катастарските услуги поскапеа до 300 отсто

До 300 отсто се поскапени катастарските услуги. Со новиот тарифник од 11.11, од денес веќе катастарските услуги се наплатуваат поскапо. Ако до пред една недела услуга за имотен лист чинеше 180 денари, денес  чини 250 денари.

Според тарифникот, кога податоците од катастар се користат за нови производи, висината се зголемува за 300 отсто, објави Алфа.

Во случај кога податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем се користат за формирање на нови производи со додадена вредност во комерцијални цели, висината на надоместокот пропишана со овој тарифник се зголемува за 300 %. Со денот на влегувањето во сила на овој тарифник престануваат да важат Тарифникот за висина на надоместокот за користење и увид на податоците од Геодетско- катастарскиот информационен систем

Според изјави на граѓаните, пораснати се и цените за спроведување на договор претходно заверен на нотар. Од 300 денари, отсега ќе се наплаќаат 1250 денари, за таканаречениот историјат, наместо 600 денари, сега ќе се издвојуваат 750 денари.

Останатите услуги, исто така имаат повисоки цени, но крајната ја пресметува системот.