Поранешната претседателка на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева куќниот притвор ќе продолжи да го издржува во Гевгелија.
Информацијата беше денеска соопштена во судница, за време на рочиштето кое денеска беша одложено, а во кое Јанева го тужи поранешниот нејзин пријател и директор на телевизијата ТВ1, Бојан Јовановски Боки 13, за неовластено снимање.
Катица Јанева се наоѓа во куќен притвор чекајќи ја одлуката на Апелација, за првостепената пресуда во која поранешната шефици на обвинителството кое се занимаваше со процеси произлезени од нелегално прислушувани телефонски разговори, е осудена на 7 години казна затвор.
Рочиштето по приватната тужба денеска беше одложено поради неодамнешната операција на Бојан Јовановски.