Екс специјалната обвинителка Катица Јанева искористи празничен викенд за Велигденските празници. Излезена е од затворот Идризово каде ја издржува затворската казна, а „Телма“ ја улови како пазарува во еден од скопските маркети.
Од Управата за извршување санкции велат дека ја добила оваа погодност на 23 април а синоќа имала обврска да се врати во Идризово.