Катица Јанева не се прислушувалa преку мебелот

Не се прислушувало преку неколкуте парчиња луксузен италијански мебел вреден 5.000 илјади евра, кој на Катица Јанева  и донесе 30 дневен престој во Шутка. Подарокот кој таа го добила од осомничен во случајот „Империја“, и ја донесоа и нејзе титулата осомничена во „Рекет“. Токму гарнитурата од нејзиниот дом предизвика бура шпекулации во јавноста, а најсилно одекна онаа дека во неа имало уреди за прислушување. Она што исто така падна во очи, беше и заплената на мебелот кој со товарно возило на полицијата, како доказен материјал беше однесен од куќата на улицата Стрежова во Скопје.

Подарокот кој Јанева го добила сега е во рацете на Обвинителството, а како тој ќе им помогне во текот на истрагата останува нејасно, бидејќи од таму за Алфа велат дека во него апаратура за прислушување немало.

-Во мебелот што во текот на вчерашниот ден беше одземен од осомниченото лице не се откриени инсталации на уреди за прислушување, велат од ОЈО.