Катица Јанева од имот пријавила куќа, станови, автомобили, земјиште и кредити

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева чиј глас се слушна во снимките на италијанското издание La Verita за случајот „Рекет”, треба во вторник да се појави во Обвинителството за да даде исказ пред Вилма Русковска.

Јанева ќе сведочи откако во видеата на италијанскиот весник се слушна нејзиниот глас, како му вели на Орце Камчев, осомничен во неколку случаи кои ги води Специјалнот јавно обвинителство – „сѐ ќе биде добро”, за што подоцна по повеќедневен молк се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.

Досега за случајот кој ги тресе македонското правосудство и политика, сведочеа обвинителките Лиле Стефанова којашто, исто така, беше спомената во снимките од страна на Орце Камчев, Елизабета Јосифовска и обвинителот Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинетот на Јанева.

ЕМагазин објавува дека специјалната обвинителка во својот имотен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, пријавила два стана во Скопје едниот од 68 метри квадратни, а другиот од 72 метри квадратни на име на нејзините деца, куќа во Гевгелија на свое име, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско, а и три возила: „ровер 45“, „ауди А4“ и „голф 4“.

Јанева пријавила и депозити и кредитни картички на свое име и на децата, како и кредити.

На следниот линк е увидот во целиот имотен лист.