Катица Јанева од неодамна почнала со работа. Од „Идризово“ излегува претпладне, се враќа попладне. Работодавач на обвинителката е нејзиниот син Лазар Јанев кој има своја адвокатска канцеларија. Ангажманот го откри и самата преку Фејсбук.
Информацијата за Телма ја потврдиле директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ и директорот на „Идризово“, Зоран Јовановски. Тие истакнаа оти шефицата на поранешното Специјално јавно Обвинителство (СЈО) исполнила услови и има А третман, бидејќи Јанева отслужила најголем дел од 7-годишната казна за случајот „Рекет“.
До адвокатскиот ангажман во канцеларијата на нејзиниот син, Јанева работеше во затворската библиотека и имаше можност да користи викенди. Таа беше уапсена како осомничена во „Рекет“ во август во 2019 година за што подоцна доби казна затвор во траење од седум години.