„Катимерини“: Орбан го фалеше Груевски и три пати кажа Македонија

Јавно искажаната поддршка за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан во рамките на самитот во Малта и натаму предизвикува незадоволство во грчките медиуми, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Весникот „Катимерини“ информира дека незадоволни биле и грчките и бугарските претставници кои што се наоѓале во Малта за време на говорот на Орбан, нагласувајќи дека освен тоа што го пофалил Груевски, Орбан дури три пати го повторил нашето уставно име.

Кога настапи на говорницата, Виктор Орбан ја анализираше визијата за Европа, во чиј центар се наоѓа “Македонија” ( ова беше повторено три пати ) и го фалеше Груевски како фактор за стабилност во регионот, што предизвика незадоволство и потсмев кај грчко-бугарските претставници. Тие иако не реагираа на лице место, сепак демонстративно го изразија своето незадоволство, пишува Катимерини.

Весникот информира и дека ова била одлична пригода за дополнително зајакнување на бугарско -грчките односи, преку делегатите на грчката опозициска партија Нова Демократија предводени од Кириакос Мицотакис и бугарските претставници од партијата на Бојко Борисов.
138207Во меѓувреме, во пресрет на посетата на претседателот на Европскиот Совет Донал Туск на Скопје, па на Атина во среда, грчките медиуми повикувајќи се на извештаите на македонски опозициски медиуми, информираат дека пораката на Туск ќе била во насока на тоа шефот на државата Ѓорге Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев.

Партијата на Груевски ги обвинува социјал-демократите од СДСМ дека се договориле со Албанците да го уништат “Македонскиот” идентитет на земјата, претворајќи ја во албано-словенска и велат дека Зоран Заев ќе попушти и во однос на прашањето за името, што тој го одбива. Сепак, претставниците на Албанците, кои што претставуваат повеќе од 25 проценти од населението, не се заинтересирани да бидат нарекувани Македонци и многу пати во изминатиов период посочија дека непопустливоста во однос на името Македонија ја држи земјата меѓународно изолирана”, се вели во текстот на грчкото онлајн издание „Трибун“.