Католиците, протестантите и дел од православните верници го слават Божик

Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.

Централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

Божик го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.