Кавадарчанка пријавена за трговија со дрога

Триесет и седумгодишна жителка на Кавадарци е кривично пријавена поради основани сомневања дека сторила дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Кавадарчанката во вечерните часови, околу 21,30 часот на 17-ти јануари годинава била претресена од полициски службеници, кои притоа кај неа било најдено и одземено извесно количество марихуана, известува во вторникот Министерството за внатрешни работи.

Потоа било извршено и пребарување на домот на осомничената идентификувана со иницијалите Е.Д., при што исто така била пронајдена и одземена марихуана, како и семки од растението канабис.