Кавадарчанец му помогнал на Албанец незаконски да влезе во Македонија

Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Ј.М.(52) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на странец при недозволен влез и транзит“ по член 211 од Законот за странци.

На 28.02.2023 околу 15:00 часот, пријавениот со патничко возило „хјундаи тусон“ со бугарски национални ознаки, од место викано караула „Мирче Ацев“, атар на с.Ума, по претходен договор, го прифатил Х.Р. од Република Албанија, кој остварил незаконски влез во Република Македонија и го одвел до с.Ново Конско.