![вино](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/vino.jpg?resize=580%2C360&ssl=1)
Кавадарци ќе добие регионален вински музеј во градскиот парк. Едногласната одлука за основање денеска ја донесе Советот на општина Кавадарци.
Според одлуката, средствата и имотот ќе се обезбедат од буџетот на општината, Министерството за култура и други извори.
Советниците позитивно го оценија елаборатот изготвен од Весела Честоева, кустос историчар на уметност и археолог при Музеј галерија Кавадарци.
На седницата беше кажано дека Тиквешијата е регион каде со векови се одгледувала виновата лоза.
-Музејот ќе ги обединува сите музеолошки дисциплини. Археолошка, етнолошка и историска, рече меѓу другото Честоева.