Кавадарци очекува поголема посетеност од ланскиот рекорд на посетители за ,,Тиквешки гроздобер”

256

Кавадарци очекува поголема посетеност од ланскиот рекорд на посетители за „Тиквешки гроздобер”. Ќе се одржи од 6 до 8 септември 2019 одина, а за организација на „Тиквешкиот гроздобер“ општината има обезбедно шест милиони денари и 4,5 милиони се очекуваат од донации.

На прес-конференција денеска градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев истакна дека очекува и годинава гроздоберот да помине без инциденти и без проблеми, како и минатогодишниот, а кој имаше 60.000 посетители.

Тој најави дека има максимална посветеност на сите субјекти за повисоко ниво и рангирање на манифестацијата во значајни настани од кои треба да биде дел.

Во карневалското дефиле во недела, како што најавија,  ќе има учесници од земјава и странство, повеќе од лани.  Околу сто луѓе се вклучени во делот на обезбедувањето на паркинг места, а пожарникарите ќе помагаат во делот на логистика.
Се заблагодари на сите спонзори и упати покана за посета на Кавадарци до сите оние кои сакаат да бидат дел од настанот во чест на грозјето и виното.

Во петок на градскиот плоштад ќе настапат 2 Бона. Сабота е резервирана за Антонија Гиговска и Јелена Розга, а недела за Здравко Чолиќ. Дополнително ќе ја збогатат програмата „Леб и сол“ кои се гости на манифестацијата. На сцена пак кај Спомен костурницата, ќе настапува диџеј Методи Христов.

Сузана  Андоноски шеф на Кабинетот на градоначалнико истакна дека ќе има дегустрација на храна и вино со староградска музика, трка на келнери, изложба на олдтајмери, таблијада, мото рели.

Таа изрази надеж дека сите вкусови ќе бидат задоволени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.