Кавани двоен стрелец во сигурната победа на ПСЖ над Ница

Во првиот натпревар од 11-то коло на француското фудбалско првенство водечкиот Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ лесно ја доби Ница со 3:0 (2:0)/

Првите два гола за ПСЖ, во 3 и 31 минута, ги постигна уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, а третиот гол за домашните беше всушност автогол на Данте во 52 минута.

ПСЖ сега има 29 бодови, седум повеќе со натпревар повеќе од вториот Монако, додека Ница е 14-та со 10 бодови.