Најскапата аквизиција во клупската историја, уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани е најзаслужен за триумфот на ПСЖ во финалниот натпревар од Купот на Франција.
Поуларните светци стигнаа до својата прва титула сезонава откако во финалниот натпревар забележаа минимален триумф од 2:1 над екипата на Олимпик од Лион.
Кавани се запиша во листата на стрелци веќе во 3 минута, а во 32 минута успешно го изведе и ударот од белата точка. Почесниот погодок за Лион, постигнат во 56 минута беше дело на брзоногиот напаѓач, Александре Лаказете.