Триесет и двегодишниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани веројатно ќе го напушти францускиот шампион ПСЖ и кариерата може да ја продолжи во редовите на Атлетико Мадрид.
Иако Кавани следното лето може без отштета да го напушти парискиот клуб, Диего Симеоне посакува на „Ванда Метрополитано“ да го доведе уште во јануари.
Покрај Атлетико, интерс за услугите на Уругваецот искажуваат и американските клубови од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси и Интер Мајами.
Кавано во ПСЖ е од 2013 година, а претходно настапуваше за Наполи, Палерно и Данубио.
Во кариерата одиграл 574 официјални натпревари на кои постигнал 349 погодоци.