Најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот гигант ПСЖ, репрезентативецот на Уругвај, Единсон Кавани не даде прецизен одговор на прашањето дали и во новата клупска сезона ќе настапува на „Паркот на Принцовите”.
„Јас и мојот партнер во нападот, Луис Суарез веќе играме за големи клубови. Ние сме дел од ПСЖ и Ливерпул, ние сме дел од најголемите клубови во целиот свет. Со гордост го носиме нивниот дрес и мислам дека ги исполнивме очекувањата на клупските челници. Сепак, во фудбалскиот свет нема ништо сигурно, не знаеш што може да се случи веќе следниот ден. Денеска играш за еден клуб, а веќе утре играш за некој друг клуб”, изјави Кавани.
Со ваквата изјава, искусниот напаѓач само ја подгреа шпекулацијата дека е можна негова преселба во редовите на најтрофејниот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед кој е подготвен да одвои околу 70 милиони евра за неговото обештетување.