Иако се во потрага по нов менаџер, раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед истовремено преговараат и со фудбалерите кои би пристигнале на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.
Прв на списокот со потенцијални засилувања е најскапата аквизиција во фудбалската историја на францускиот прволигаш ПСЖ, Единсон Кавани.
Според последните информации кои пристигнуваат од клупските простории, челниците пред меколку дена оствариле контакт со агентот на Кавани кој им соопштил дека неговиот клиент е сериозно заинтересиран за преселба на ‘Олд Трафорд”.
Искусниот напаѓач би требало да потпише 4-годишен договор со “црвените ѓаволи”, а таквиот договор му гарантира годишна заработувачка од 7 мил. фунти.
Кога е во прашање обештетувањето на Кавани, двата клуба можат да најдат заеднички јазик само доколку понудата за поранешниот бомбардер на Наполи не биде помала од 70 мил. евра.