
Клучниот момент на натпреварот помеѓу Чиле и Уругвај се случи можеби во 63-та минута.
Гонзало Хара му пикна прст во задникот на Кавани, а потоа одглуми дека е удрен. Судијата наседна и го исклучи уругвајскиот фудбалер.
По прегледувањето на снимките, големи се шансите и Хара да биде суспендиран и да не настапи во последните два натпревари од Копа Америка.