Казахстан ги згаснува надежите дека може да ги замени испораките на нафта од Русија

ASHAGAN-OIL/ REUTERS/Leon Neal/

Казахстан не може едноставно да ги надомести количествата на нафта коишто Европа би ги загубила со откажувањето од увозот од Русија, порача во средата во престолнината Нур-Султан, казахстанскиот министер за енергетика на оваа богата со нафта и гас поранешна советска република, Болат Акчулаков.

„Ја немаме да возможност. Производството на нафта не е споредливо со славината за вода која едноставно може дополнително да биде отворена за да се добија поголеми количества. За да произведете толкави количества нафта, мора да вложите многу пари во полињата и дупчењата“, изјавил Акчулаков.

Пред еден месец казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев навести дека Казахстан е подготвен да го искористи својот потенцијал за стабилизација на ситуацијата на светските пазари на нафта и гас, вклучително и на европски, доколку бидат протерани од нив руските енергенси.

Казахстан се смета за сојузник на Русија, но не се изјаснува на страната на Москва во врска со Украина. Претседателот Токаев предизвика радости и поздрави од Западот кога кон средината на јуни на заедничката регионална панел дискусија со рускиот претседател Владимир Путин изјавувајќи дека Казахстан нема да ја признае самопрогласената независност на прорустките јужни украински региони Луганск и Доњецк.

Таа изјава, како и изјавата за подготвеноста за зголемени испораки на нафта од Казахстан ги поттикнаа надежите во Европската унија која поради украинската војна воведе ембарго на увозот на руската нафта со танкери, но се надева дека руската нафта и натаму ќе тече преку нафтововдите, бидејќи така бараа повеќе земји членки за да се согласат со ембаргото.