Казахстан има намера да испорачува и продава дел од својата нафта, околу 100.000 барели дневно или 8 отсто од обемот транспортиран преку Каспискиот цевководен конзорциум (CPC) заобиколувајќи ја Русија, преку азербејџанските нафтоводи, пишува во петокот агенцијата Reuters.
Последните 20 години испораките од нафта од Казахстан се изведуваше преки цевководот на CPC од Новоросијск. Меѓутоа, во јули годинава бидејќи тамошниот градски суд ги суспендираше операциите на CPC на 30 дена поради прекршувањето на планот за одговор при истекување на нафта, Казахстан почна да бара алтернативни рути, потсетува агенцијата.
Според изворот на агенцијата, казахстанската национална компанија „Казмунајгаз“ веќе води прелиминарни преговори со Државната компанија на Азербејџан за испораки на нафта. Казахстанската страна планира да продава 1,5 милиони тони гориво годишно преку азербејџанскиот нафтовод Баку-Тбилиси-Џејхан, додал соговорникот на Reuters.
Со тоа Казахстан би можел да продава нешто повеќе од 30.000 барели дневни, додека целиот извоз на нафтата ќе изнесува повеќе од 1 отсто од светскиот обем, или околу 1,4 милиони барели дневно. Соговорникот на агенцијата истакнал дека Казахстан и Азербејџан имаат намера да го потпишат конечниот договор за транспортот на нафтата на крајот од август, а испораките би започнале веќе оваа есен.
Покрај тоа, казахстанската страна очекува да испорачува 3,5 милиони тони нафта годишно почнувајќи од 2023 година преку азербејџанскиот нафтовод Баку- Супса кој води во Грузија.
Сегашниот нафтовод CPC е систем од цевководи кој ги поврзува Казахстан со пристаништето крај Новоросијск, каде нафтата се товари на танкери за испораките на светските пазари. Должината на нафтоводот кој ги поврзува нафтените полиња во Западен Казахстан со морскиот терминал во Новоросијск изнесува 1.511 километри. Поморскиот терминал на CPC е опремен и со далечински објекти за прицврстување што овозможува безбедно товарење на танкерите на значителна оддалеченост од брегот, вклучително и при неповолни временски услови.