Десетмина битолчани кои не го почитувале полицискиот час да добијат поединечна казна од по 2.000 евра предложи Јавното обвинитеклство од Битола.
Битолчаните, од 22 до 25 мај биле затекнати надвор од нивните домови во периодот кога движењето беше ограничено.
Основното Јавно обвинителство Битола до битолскиот Основен суд поднесе предлози за издавање на казнени налози за сите поради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.