Според прописите воведени додека Тереза Меј беше премиерка на Велика Британија, сите лица над 16 години можеле да добијат казна до 2.500 фунти, ако бидат фатени како плачат дома.
Тоа правило, наводно, има за цел да го заштити квалитетот на живот, а истото се однесува и на поместувањето мебел и удирањето в ѕид.
Доколку соседите, во Велика Британија, чујат, се пожалат и Ве пријават за овие дела, казните се движат од 113 до 2.800 евра.
Казната можат да ја издадат локалните власти, полициски службеници, добротворни станбени фондови или станбени фондови кои локалната власт ги основала за таа цел. (МИА)