
Туристите кои би сакале да земат грст песок за спомен од италијанските плажи и да го однесат дома би можеле да се соочат со казна којашто достигнува дури до три илјади евра.
Специфичните правила, како и висината на казната, се разликуваат од еден до друг италијански регион, наведува италијанската туристичка заедница.
Владата на Сардинија, на пример, неодамна го заостри законот и забрани земање песок дури и во мали количества, како и каменчиња, кварц и школки.
Според законот воведен ова лето, секој што „ќе земе, задржи или продаде мали количества без дозвола“ ќе се соочи со казна меѓу 500 и 3.000 евра. Мерката е резултат на фактот што песокот во големи количества се носел од плажите, наведува туристичката асоцијација.
Наведувајќи ги локалните извештаи, британски BBC пренесува дека само во трите летни месеци од 2015 година речиси пет тони песок се задржани на аеродромот Елмас. Песок е откриван и на други два аеродрома, Алгеро и Олбиа.
Плажите на Сардинија со создавале во текот на милиони години. „Земањето мало шишенце песок не изгледа многу, но ако тоа го права милиони туристи, тони и тони секоја година ќе исчезнуваат“, велат италијанските власти