Казнети 11 лица за прекршување на полицискиот час, 499 санкции за неносење маска

Забраната за движење од 22.00 часот (26.03.2021) до 05.00 часот (27.03.2021) не ја почитувале 11 лица, информираа денеска од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 499 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.