
На 04.03.2022 на територијата на СВР Штип спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 114 возачи.
Од нив 12 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.