Министерството за внатрешни работи во саботата спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.
На територијата на целата држава, соопштија денеска од МВР, санкционирани се 139 возачи за непрописно престигнување, а 66 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 418 други прекршоци.
Од МВР најавија дека се продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.