Казнети 15 моторџии кои се тркале низ Скопје

Полицијата ноќеска бркала моторџии кои секоја вечер се тркаат низ Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, вчера од 22.30 часот до 1 часот , од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје беа преземени мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците Џон Кенеди, Лазо Трповски и Втора Македонска бригада.

Притоа, биле регистрирани 15 прекршоци за кои биле издадени 15 платни налози на прекршителите.
Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.