Казнети 162 возачи во Скопје, 13 биле под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возач почетник…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.