Во текот на вчерашниот ден (13.04.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. „Притоа, санкционирани се 174 пешаци од кои, 144 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, осум за минување на црвено светло… Од нив 32 на територија на СВР Битола, 27 на територија на СВР Тетово…“, соопшти МВР.
За време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.