На територија на град Скопје сообраќајната полиција вчера казнила 180 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 за управување под дејство на алкохол.
Од МВР соопштија дека изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на црвено светло и други.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.