Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 24 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…