Казнети 209 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за користење мобилен телефон при управување, осум мерки за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.