Казнети 211 возачи во Скопје, 70 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкциja за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, две за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.