![maski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/maski-1.jpg?resize=686%2C386&ssl=1)
Во текот на изминатото деноноќие (27.12/28.12.2021) на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 22 прекршоци.
Инаку, мерката за носење на заштитна маска на отворено е укината, со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група, а останува на важност мерката за задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.