Казнети 225 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 225 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.